1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Марко Ројс - фудбалер на годината

ЖА/дпа12 август 2012

Играчот во националната селекција на Германија Марко Ројс е избран за фудбалер на годината 2011/2012. Тренер на годината вторпат по ред е Јирген Клоп.

https://p.dw.com/p/15oNg
Фотографија: picture-alliance/dpa

Фудбалерот кој пред почетокот на сезоната премина од Борусија Менхенгладбах во Борусија Дортмунд собра најмногу гласови меѓу спортските новинари во изборот организиран од магазинот „Кикер“.

Fußball DFB-Pokal Achtelfinale Fortuna Düsseldorf - Borussia Dortmund
Јирген КлопФотографија: picture alliance/dpa

Со тоа 23-годишниот Ројс ја наследи титулата од лани најдобриот фудбалер, Мануел Ноер од ФК Бајерн. На второ место е идниот клупски колега на Ројс во Дортмунд, Матс Хумелс, а следат Роберт Левандовски и Шинжи Кагава.

Вторпат по ред титулата тренер на годината ја понесува Јирген Клоп. Тој доби повеќе од половината од вкупно 855 гласови. За жена фудбалер на годината е прогласена Селија Окојино Мбаби од ФК Бад Ноенар.