1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Мартин Локид“ е најголем продавач на оружје во светот

27 февруари 2012

Според стокхолмскиот институт за мир СИПРИ, компанијата „Мартин Локид“ од САД, е најголемиот продавач на оружје во 2010-та година, со испорака на вооружување и воена опрема во вредност од 35,75 милијарди долари.

https://p.dw.com/p/14AbX
Фотографија: AP

Мировната истражувачка групација ја објави анализата според која во 2010-та година е забележан пад од еден отсто на стапката на раст кај 100-те најголеми производители на вооружување во светот, во споредба со продажбата во 2009-та година што била нарасната за четири отсто и за повеќе од 10 отсто во претходната година.

Американскиот „Локид“ ја задржа позицијата на најголем продавач на вооружување, пред британскиот „БАЕ-системи“ и „Боинг“.

Сузан Џексон, експерт на СИПРИ за прашањата на индустријата за вооружување, изјави дека повлекувањето на трупите од Ирак придонесе за помалиот раст кај компаниите кои нудат воени услуги, како што се системите за поддршка, обука, логистика. Таа нагласи дека глобалната економска криза немала значајни последици врз воените буџети во 2010-та година.

Според листата на СИПРИ за 10-те најголеми продавачи на вооружување од пред две години, британскиот „БАЕ-системи“ испорачал воена опрема за 32,88 милијарди долари, а американскиот „Боинг“ за 31,36 милијарди долари. На четврто место се најде американската компанија „Нортрап граман“ со продажба вредна 28,15 милијарди долари , а е следена од, исто така, американската „Џенерал дајнамик“ со продажба вредна 23.94 милијарди долари.

Автор: ЖА/СН/миа

Редактор: Симе Недевски