1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Март најкрвав месец во Сирија од почетокот на конфликтот

БГ/бета/миа2 април 2013

Повеќе од шест илјади луѓе загинале во Сирија во текот на март годинава, што го прави тој месец најкрвав од почетокот на востанието

https://p.dw.com/p/187tC
Фотографија: Getty Images

Над шест илјади лица се убиени во март во граѓанската војна во Сирија, со што тој стана најкрвавиот месец од почетокот на судирите пред две години, соопшти сирискиот Центар за набљудување на човековите права. Организацијата, која е со седиште во Велика Британија нагласи дека регистрирала 6.005 жртви минатиот месец.

Центарот, кој е противник на режимот на претседателот Башар ал Асад, доставува докази за насилството и ги документира смртните случаи во Сирија преку мрежа од контакти во земјата. Според организацијата меѓу загинати има 298 деца, 291 жена и 1.486 бунтовнички борци и дезертери од армијата, како и 1.464 владини војници. Останатите се неидентификувани цивили и борци кои им се придружиле на бунтовниците.

Според податоците на ОН од јануари годинава, од почетокот на востанието во Сирија во март 2011 година, повеќе од 70 илјади луѓе загинале во судирите.