1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Масакар во Хомс - ОН бараат итна помош

3 март 2012

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун побара од режимот во Дамаск неодложно да го пушти координаторот за хуманитарна помош на ОН во Сирија. Очевидци во Хомс говорат за масакр.

https://p.dw.com/p/14ENl
Фотографија: picture-alliance/dpa

Генералниот секратар на ОН Бан Ки Мун побара од сириската влада, координаторот за итна помош на ОН Валери Амос, веднаш да добие пристап во кризниот регион. Хуманитарната состојба, во земјата каде веќе една година се водат тешки борби не дозволува одлагање, изјави Бан Ку Мун во Њујорк. Највисок приоритет е Амос да допатува во Сирија и да бидат допуштени хуманитарните организации, подвлече генералниот секретар на ОН.

Високиот претставник на Светската организација Валери Амос веќе извесен период престојува во регионот, во Бејрут и во Аман, чекајќи да добие дозвола од Дамаск за влез во Сирија, но таа досега изостана со образложение, дека ниту еден од официјалните лица нема време.

Бан истовремено најави дека специјалниот претставник на ОН и Арапската Лига, Кофи Анан најдоцна за една недела треба да допатува во Сирија, но се’ уште е неизвесно дали и кога сириското раководство ќе го прими специјалниот претставник.

Ban Ki Moon und Kofi Annan Treffen in NY
Бан Ки Мун и Кофи АнанФотографија: dapd

„Сликите кои ги видовме од Сирија се страшни“, изјави Бан. „Тоа е апсолутно неприфатливо, неможе да се толерира.Како може како човек да се издржи ваква ситуација? Тоа длабоко ме погодува“, рече Бан и побара „Сириските власти мора да ги отворат границите за хуманитарните работници, без никакви услови. Зошто имаат страв да го пуштат раководителот за хуманитарните организации на ОН?“ Бан увери дека Светската организација е подготвена да го мобилизира целокупниот хуманитарен апарат. „Но, не смееме да влеземе“, изјави Бан.

Генералниот секретар на ОН пред Генералното собрание изјави дека режимот во Сирија не запрел со убивањето и покрај резолуцијата усвоена пред две недели. Повеќе од 7.500 луѓе доега се убиени, меѓу нив многу жени и деца сметаат ОН.

Arbeit des Internationalen Roten Kreuzes in Syrien
Хуманитарците не може да влезат во Баба АмроФотографија: dapd

Амбасадорот на Сирија во ОН Башар Џафари ги отфрли обвинувањата. Неговата земја е жртва на меѓународен заговор. Тој повторно изјави дека владата се бори против терористи.

Вчера сириските власти одбија да дадат дозвола хуманитарниот конвој, кој пристигна во градот Хомс да влезе во населбата Баба Амро, каде се водат најтешките борби. Организацијата за човекови права Хјуман Рајтс Воч во Њујорк информираше дека во Хомс се случува крвопролевање, гледиште кое организацијата го темели врз сателитски снимки и информации од очевидци. Еден британски и еден француски новинар, кои под драматични околности избегале од Хомс, велат дека таму се случува масакар врз мажи, жени и деца.

Автор: АТ/ СН/ дпа/ дв

Редактор: Симе Недевски