1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

190508 China Erdbebenopfer

Астрид Фрајајзен 19 мај 2008

Една недела по катастрофалниот земјотрес во Кина, во земјата започна тридневна жалост. Знамињата се спуштени на половина копје, откажани се сите активности

https://p.dw.com/p/E2Lv
Кинеското знаме на половина копјеФотографија: AP

Војниците маршираат на плоштадот на Небескиот мир во Пекинг. Кинеското национално знаме е спуштено на половина копје. Целата земја точно во 14:28 минути со три минутен молк им оддаде почит на настраданите, чија официјална бројка во меѓувреме е потврдено дека изнесува 34.000.

Солидарноста е огромна:„Мораме да ја споделиме болката и тагата со настраданите. Овие луѓе во катастрофата ги загубија своите животи. Мораме да жалиме“ изјави еден жител на Пекинг.

До 21 мај сите знамиња во Кина ќе бидат на половина копје. Знамињата на Германија и ЕУ се истакнати на зградата на германската амбасада. Исто така и повеќе фирми демонстрираат солидарност. Германскиот Црвен крст, по барање на Кина, во текот на наредната недела ќе испрати мобилна болница, со оддел за ренген, во која можат да бидат стационирани 120 пациенти и да им се пружат услуги на 250.000 луѓе. Ќе биде испратен и германски тим лекари.

Помага кој колку може

Според проценките, досега во Кина од донации пристигнале 800 милиони евра помош. Само на една телевизиска манифестација како што најави нејзиниот модератор, беа собрани 150 милони евра. Помага и обичниот народ: „И ние дадовме придонес, сите го прават тоа. Нашето дете во училиште. Синот и неговата сопруга во нивната фирма. И ние исто така.“ „Ние сме пензионери, со мали примања, но ќе дадеме колку што можеме за да помогнеме„ велат жителите.

Парична помош донираа и кинеските олимписки кандидати. Гимнастичарите и репрезентативците во пинг понг собраа 100.000 евра. НБА кошаркарот Јао Минг донираше 50.000 евра. Три дена ќе биде запрено и носењето на олимпискиот факел.

Последиците од земјотресот се во фокусот на медиумите

Земјотресот и последиците од него се централна тема и во телевизските емисии. Постојано се емитуваат интервјуа со мајки кои ги бараат своите фамилии, припадници на спасувачките тимови. Претседателот Ху Џинтао, кој разговара со преживеаните. Инаку кризниот регион вчера беше погоден од уште еден силен потрес од 6 степени, во кој три лица загинаа, а стотици се повредени.