1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Масовни евакуирања поради циклонот „Фаилин“

АТ/ дпа/ афп/ ртр12 октомври 2013

Во трка со времето индиските власти се обидуваат да засолнат стотици илјади луѓе од налетот на чудовишната бура. На истокот на субконтинентот е прогласен највисок степен на тревога.

https://p.dw.com/p/19yU8
Фотографија: AP Photo/U.S. Navy Joint Typhoon Warning Center

Супер циклонот „Фаилин“ се очекува во сабота навечер по локално време да го зафати копното со брзина на ветерот до 240 километри на час. Според проценките циклонот се очекува во близина на градот Гогалпур. Потоа се смета дека бурата ќе ги зафати сојузните држави Ориса и Андра Прадеш. На брегот, експертите сметаат со околу три метри високи бранови поради бурата.

Властите прогласија највисок степен на тревога, а армијaта е во степен на готовност. Стотици илјади луѓе мораа да ги напуштат своите домови.

Метеоролошкиот институт на Индија процени дека циклонот „Фаилин“ е многу силен. Тој имал пречник од 500 километри и би можел да нанесе големи штети, рече еден портпарол.

Zyklon Phailin Andhra Pradesh Indien 11.10.2013
Претходница на „Фаилин“ во ИндијаФотографија: Reuters

Многумина муслимани и хиндуси се собраа во џамиите и храмовите да се молат циклонот „Фаилин“ да не остави големи последици како што тоа беше случај при слична бура пред 14 години. Во 1999. година супер циклон во Ориса однесе повеќе од 10.000 човечки животи.

Наири“ над Филипините

Со брзина на ветрот од 120 километри на час тајфунот „Наири“ пак го погоди северот на Филипини. Најмалку осум лица го загубија животот. Невремето нанесе и материјални штети на покривите на куќити и исто така голем број дрвја се скршени. Во целата област каде што беснееше невремето немаше струја. Погодени беа повеќе од два милиона луѓе, соопштија властите. И покрај предупредувањата од временските експерти, главниот град Манила не беше поплавен.