1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Масовни протести во грчката администрација

АТ/ афп/ дпа18 септември 2013

Протестот против политиката на штедење во Грција продолжува. Вработените во државната администрација штрајкуваат два дена против најавените масовни отпуштања.

https://p.dw.com/p/19k1V
Фотографија: Reuters

Државните службеници во Грција стапија во 48 часовен штрајк. Под мотото „Постојана борба против политиката на штедење“ наставниците, лекарите во државните болници и вработените во државните институции протестираат против планираните отпуштања во јавниот сектор.

До крајот на 2014 година владата во Атина има намера да отпушти 15.000 државни службеници. Првите 4.000 треба да бидет отпуштени уште оваа година. Натамошни 12.500 вработени во јавниот сектор до крајот на септември треба да бидат префрлени во т.н. мобилна резерва. Доколку тие не најдат друго работно место, наредната година можат да го загубат работното место.

Грчката влада донесе одлука за намалување на бројот на административците за да ја добие финансиската помош од евро-земјите и ММФ. Во поинаков случај на земјата ѝ се закануваше државен банкрот.

48 часовниот штрајк е кулминацијата на повеќедневната серија штрајкови. Во понеделникот протестите ги започнаа наставниците во гимназиите. Вчера на протестната акција и се придружија лекарите од болниците и адвокатите. Утрината три часа штрајкуваа и новинарите. Во тој период на радијата и на телевизиите не се емитуваа вести.

Од работничката борба се погодени институциите и училиштата како и државните железници. Во вторникот беа затворени и училиштата и универзитетите. Затворени беа и повеќе министерства како и пензиските фондови.