1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мајка Тереза – 10 годишнина од смртта

5 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bbhj

Во чест на 10-годишнината од смртта на хуманистката Мајка Тереза, денеска во Скопје Собранието одржа свечена седница,а беа положени венци и цвеќе пред нејзиниот споменик во центарот на градот. Централното чествување се одржа во Академијата на науките и уметностите.,каде премиерот Груевски ги додели наградите кои носат нејзино име.Мајка Тереза беше родена на 26 август 1910-та во Скопје како Агнес Гонџа Бојаџиу. Во 1979 ја доби Нобеловата награда за мир за помошта на сиромашните и болните, пред се‘ во индискиот град Калкута, каде и почина на денешен ден во 1997-та. Стотици жители од овој град денеска исто така и оддадоа почит на мајка Тереза,барајќи да биде прогласена за светица.