1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Мајки“ на Манчевски ги трогна берлинчани

17 февруари 2011

Најновото режисерско остварување на Милчо Манчевски, синоќа (16.02.2011) пред голем број берлинчани и Македонци кои живеат во престолнината, ја имаше првата од петте проекции во селекцијата „Панорама“ на Берлиналето.

https://p.dw.com/p/R1gg
Фотографија: AP

И покрај не особено веселата тема на „Мајки”, публиката синоќа со топол аплауз го поздрави последното остварување на Милчо Манчевски. 123-те минути во кои се раскажани три приказни чија црвена нишка се различните мајки – од несовесни до запоставени, на гледачите им ја пренесоа атмосферата од Скопје, Мариово и Кичево. Првата алка на „Мајки” е сторијата за девојчињата кои измислениот егзибиционист и го пријавуваат в полиција. Средишниот дел е за последните двајца жители од едно село во Мариово, а последниот сегмент е посветен на серискиот убиец од Кичево.

Flash-Galerie Berlinale Premiere des Films Majki
Дел од филмската екипа на „Мајки“ пред Палатата на БерлиналетоФотографија: DW

„Филмот се занимава со природата на вистината. Првата личност која не‘ учи да ја кажувме вистината или да лажиме е, претпоставувам, мајката...Филмот се занимава значи со природата на вистината. И тоа посебно и на онаа во Македонија”, рече по проекцијата Манчевски, одговорајќи на прашање на еден од гледачите и објаснувајќи ја формата на експерименталниот филм која практично ја создава.

Публиката пленета од различното

„Филмот многу ми се допадна, иако некои работи не ми беа баш најјасни - што беше тука докуметарец, што фикција или двете работи беа заедно. Најдобар беше средниот дел со напуштеното село, тоа многу ме тргогна ”, коментираше една берлинчанка, додека на друга поебно и‘ се допадна можноста да ја види Македонија која многу се разликува од овдешниот пејсаж, која изобилува со многу спротивности. На пример градот со задушлив сообраќај во првиот и делумно вториот дел и контрастот на природата која е негибната и поинаква од германската - распространета и широка...

Berlinale Vorstellung des Films Majki
Милчо Манчевски одговараше и на прашањата на публикатаФотографија: DW

Манчевски, кој синоќа на кино-бината на Берлиналето ги донесе и актерката Ратка Радмановиќ, авторот на музиката Игор Василев Новоградска и сценаристот Дејвид Мунс, го прашавме со што ќе се окупира по Берлиналето:

„Пишувам сценариот со работен наслов „Саншајн” кое повторно си игра со филмската форма и природата на вистината. Со тоа како ја дожувуваме вистината како гледач, каков однос имаме кон филмот кога е документарен, и каков е односот кога е игран, што се случува ако имаме документарен филм кој е игран, кој е лажен, и како гледачот ја доживува таа вистина“.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Жана Ацеска