1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мајкорсофт ја очекува пресудата на судот во Луксембург

17 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BgaV

Европскиот суд во Луксембург денеска ќе ја објави пресудата во процесот меѓу комјутерскиот концер Мајкрософт и Европската комсија. Американското претпријатие поднесе тужба против паричната казна, која европските власти му ја доделија пред три години. Станува збор за префрлувањето од страна на комисијата на ЕУ, дека Мајкрософт ја искоритил својата водечка позиција на пазарот на оперативни системи за да ги потисне од пазарот конкурентните претпријатија за софтвери за сервери и мултимедијални програми за емитување. Европската унија затоа донесе одлука за парична казна од 497 милиони евра, а подоцна и доплнителни 280,5 милиони евра поради неплаќање на казната.