1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мајнц на Новески лидер на Бундеслигата

15 август 2011

Второто коло во германската фудбалска Бундеслига им ги донесе и првите бодови на фаворитите Бајерн (М) и Бајер (Л), но и првиот пораз за првакот Борусија (Д). Лидер на табелата е Мајнц на Новески

https://p.dw.com/p/12Gaw
Фудбалерите на Бајер (Л) го слават победничкиот гол против ВердерФотографија: dapd

Натпреварот не беше за уживање, но Леверкузен се избори за првата победа во сезоната во дуелот против Вердер пред домашните навивачи. Единствениот гол на мечот го постигна Кадлец во последните минути.

„Најважно е дека победивме. За убавина никој не дава бодови. Оттука ова за нас беше многу важна победа“, изјави капитенот на Леверкузен, Симон Ролфес.

Новајлијата во лигата, Аугсбург стигна до еден бод на првото гостување сезонава кај Кајзерслаутерн. Голот за гостите за конечни 1:1 го постигна Саша Молдерс, кој веќе има три погодока во првите две кола. Тренерот на Аугсбург, Јос Лухукај е презадоволен од Молдерс.

Fussball Bundesliga Luiz Gustavo erziehlt das Tor 0:1
Луис Густаво при постигнувањето на голот против ВолфсбургФотографија: picture-alliance/Pressefoto UL

„Тој е одличен играч. Треба да бидеме многу среќни што успеавме да го доведеме Саша во преодниот рок“.

Актуелниот првак Борусија Дортмунд, повторно, како и минатата сезона, загуби на гостувањето кај Хофенхајм со 1:0.

„Разочаран сум. Имавме проблеми на почетокот, но потоа игравме добро. Мислам дека денеска имавме повеќе од шансите. Но, Хофенхајм беше постојано опасен. Никој немаше чувство дека денеска бевме надиграни“, рече тренерот на Борусија, Јирген Клоп.

Мајнц лидер на табелата

Бајерн Минхен ја забележа првата победа во сезоната, и тоа на гостувањето кај Волфсбург со 1:0. Стрелец на погодокот беше Луис Густаво на истек од регуларниот дел од мечот.

SC Freiburg vs. 1. FSV Mainz 05 Jubel
Мајнц ја славеше и втората победа во второто колоФотографија: picture-alliance/dpa

„Беше тешко, но победивме со тимска игра. Се боревме до последната минута и мислам дека заслуживме победа“, изјави Густаво.

Прв на табелата, како и на почетокот на минатата сезона, е Мајнц. Екипата, чиј капитен е македонскиот репрезентативец Николче Новески победи на гостувањето кај Фрајбург со 2:1.

„Добро се подготвивме пред мечот, но не започнавме така како што планиравме. Напорно работевме, не секогаш бевме успешни, но на крајот трудот се исплатеше. Тоа беше решавачко“, изјави стрелецот на вториот гол за Мајнц, Максим Чупо Мотинг.

На делба на првото место е тимот на Хановер кој исто така ја забележа втората победа во првенството, овојпат на гостувањето кај Нирнберг од 2:1.

Хет трик на Хунтелар

Клас-Јан Хунтелар беше ѕвезда на колото со хет-трикот во дуелот со Келн. Шалке победи со 5:1 во малото дерби, иако Келн имаше предност од 1:0.

„Целиот тим одигра добро. За нас е важно кога целата екипа напаѓа, како што тоа беше случај во второто полувреме. Кога го правиме тоа, тогаш постигнуваме голови и победуваме“, изјави Хунтелар.

Хамбургер повторно разочара, овојпат со нерешениот исход од 2:2 пред домашните навивачи против Херта.

Flash-Galerie Fußball 1. Bundesliga 13.08.2011 Schalke 1. FC Köln
Хунтелар (Шалке) во дуел со Ланих (Келн)Фотографија: dapd

„Повторно самите се победивме. Добро почнавме, но потоа застанавме и завршницата ни беше лоша. Притоа направивме и многу грешки“, изјави капитенот на Хамбургер, Хајко Вестерман.

Во последниот меч од колото, Борусија Менхенгладбах и Штутгарт ги поделија бодовите, играјќи нерешено 1:1.

Автор: Сара Фопел/Борис Георгиевски

Редактор: