1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мајстор на милијарди

Оле Кемпер/ Александра Трајковска12 јули 2012

Во Брисел и Берлин го ценат како докажан стручњак. Германецот Клаус Реглинг треба да биде шеф на постојаниот европски спасувачки чадор ЕСМ - и со тоа дс контролира 700 милијарди евра.

https://p.dw.com/p/15Vos
Фотографија: AP

Големи настапи во јавноста Клаус Реглинг досега немаше, а тоа и во иднина нема да се смени. 61- годишниот северно Германец не е познат по впечатливи реченици. Се смета за трезвен, стручен и структуриран работник. Неговото основно начело е: „Волшебни средства нема“.

Реглинг има речиси 40 години работно искуство. Кариерата ја започна на средината на седумдесетите години во Меѓународнот монетарен фонд, каде меѓу другото работеше на преструктуирање на долговите на Мароко и Индонезија. Во германското министерство за финансии имашe значаен удел при подготовките за воведувањето на заедничката валута. Во 2001. година замина во Комисијата на ЕУ во Брисел.

Поборник за еврото

Самиот се смета за убеден приврзаник на европскиот економски систем. И покрај кризата во Грција, која се чини дека е надмоќна, тој верува во донесените мерки: „Честопати се чита дека стратегијата за спас на еврото не функционира. Тоа не е точно“, вели тој. „Во Ирска функционира многу добро. Исто така и во Португалија добро тече програмата за прилагодување“.

Klaus Regling 2005
Клаус Реглинг добро го познава евротоФотографија: picture-alliance/dpa

Од 2010. година Реглинг раководи со привремениот спасувачки чадор ЕФСФ, кој ги снабдува задолжените држави на еврото со итни кредити. Наредниот чекор е трајниот пакет Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ). Фондот во иднина треба да пружа директна помош на банките и да може да купува државни обврзници на земјите на еврото кои се во криза. Со преземањето на оваа функција Реглинг ќе стане се’ поважен и за канцеларката Ангела Меркел во борбата против должничката криза.

Службеник со принципи

Дека Меркел ќе може да смета на услуги од својот сонародник, не е многу веројатно. Реглинг е службеник со принципи, кој не молчи пред претседателите или премиерите, ниту пред сопствениот. Тоа го докажа и пред Комисијата во Брисел. Таму во 2003. година како генерален директор на комесарот за финансии Педро Солбес раководеше со процесот против Германија поради прекршување на одредбите за дефицитот со што предизвика незадоволство од тогашната влада на кацеларот Герхард Шредер.

02.09.2011 DW-TV JOURNAL Regling
Се цени стручноста на РеглингФотографија: DW-TV

На Реглинг не му е далечен ниту светот на инвеститорите. Од 1999. до 2001. работеше во Лондон за Moore Capital Strategy Group, еден од најголемите хеџфондови во светот. Откако му престана работниот однос во Комисијата, во 2008. година основаше биро за економско и финансиско советување. Потоа до него стигна понудата да раководи со привремениот спасувачки фонд.

Иако при работата во ММФ и Комисијата на ЕУ морал да реши тешки задачи, новата функција е предизвик вели Реглинг. „Кога гледам на изминатите две години, тоа со сигурност е најтешката задача“. Со новиот фонд ЕСМ, работата нема да се намали. Но најпрво земјите членки мораат да го ратификуваат спасувачкиот чадор. Во Германија со ова прашање се занимава и Уставниот суд. Дотогаш Реглинг останува „само“ шеф на ЕФСФ.