1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Медведев - нов шеф на „Единствена Русија“

ЖА/АМ/дпа26 мај 2012

Рускиот премиер Димитри Медведев на предлог на претседателот на државата Владимир Путин е избран за негов наследник на функцијата претседател на владејачката партија „Единствена Русија“.

https://p.dw.com/p/152sL
edwedewФотографија: dapd

Рускиот премиер Дмитриј Медведев, денеска на Конгресот на владејачката партија „Единствена Русија“ во Москва, едногласно беше избран за нов партиски лидер. Тој ја повика партијата „енергично да работи за доброто на Русија и нејзините граѓани“.

„Добар резултат на нашата партија е нејзината победа на сите избори. Уверен сум дека успехот ќе дојде самиот ако се покажеме како модерна, растечка политичка сила“, изјави Медведев, кој на партијата и‘ пристапи во вторникот.

Медведев за оваа функција беше предложен од досгешаниот лидер на партијата и актуелен руски претседател Владимир Путин.

Веднаш по изборот, Путин му ја честиташе на Медведев новата функција и им се заблагодари на делегатите на Конгресот за поддршката.

Путин ја раководеше партијата од 2008-ма до 2012-та година. Според експертите, поранешниот шеф на тајните служби сака да се дистанцира од партијата која е се‘ понеомилена кај народот. „Единствена Русија“ граѓаните ја нарекуваат „Партија на измамници и крадци“, поради фалсификатите на парламентарните избори во декември.