1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мед и млеко

24 јуни 2009

Надминати недоразбрањата меѓу претседателите на Македонија и на Косово, Ѓорге Иванов и Фатмир Сејдиу. Тие не успеаја да се сретнат во Скопје, но затоа нивната прва средба се оствари во албанскиот приморски град-Валона.

https://p.dw.com/p/IXwd
Ѓорѓе Иванов и Бамир Топи на неодамнешната средба во СкопјеФотографија: Petr Stojanovski

Сејдиу веќе не му е лут на Иванов, што не го покани на неговата инаугурација и поради смената на официјалната во работна посета, поради што тој ја откажа посетата на Македонија што требаше да ја оствари на 28 мај.

„Со претседателот на Косово, Сејдиу, констатиравме дека она недорабирање што постоеше меѓу нас, како претседатели, е надминато и тој изрази желба да ја посетам Приштина и да бидам негов гостин. Јас ја прифатив таа покана“, изјави Иванов по средбата, не прецизирајќи дали поканата е за официјална или работна посета. И двајцата, заедно со црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, се на дводневна посета по покана на нивиот домаќин - шефот на албанската држава Бамир Топи. Откако во квечерината ја разгледаа Валона, тие имаа куса неформална средба на која разговарале за прашањата од областа на инфраструктурата, енергетските ресурси и евроатлантската интеграција.

На средбата на Иванов со неговиот домаќин Топи, искажана е заедничка оценка дека меѓу двете земји нема отворени прашања и оти македонско-албанските односи одат по нагорна линија. Иванов уште еднаш му го честитал приемот на Албанија во НАТО, на што Топи искажал убедување дека набрзо и Македонија ќе го добие заслуженото место во Алијасата. И на Топи и на Вујановќ македонскиот претседател им понудил помош во евроинтеграцискиот процес. И со Црна Гора нема отворени прашања, констатирале со Вујановиќ, при што посебно е нагласено воспоставувањето на дирекната авионска линија Скопје - Подгорица, со што се очекува оваа сезона македонските туристи помасовно да одат да летуваат на црногрското приморје.

Interview Fatmir Sejdiu
Фатмир Сејдиу веќе не му е лут на ИвановФотографија: DW

Моторот на добрососедство е подмачкан

Албанските медиуми кои отстапуваат широк простор за средбата констатираат дека Албанија во многу меѓународни извештаи се посочувала како земја која нуди стабилност и безбедност на Балканот, а токму оваа средба е една од најголемите потвди за тоа. И косовските медиуми и политичари ја поздравуваат иницијативта на Топи, посебно што ова е прва средба на шефови на држави од регионот на која присуствува Сејдиу.

„Добро е што претседателот се среќава со неговите колеги од регионот и што ќе разговаарт за теми од интерес за Балканот и секако овие средби се во прилог на подобрувањето на меѓусоседските односи“, изјави претседателот на косовскиот парламент Јакуп Красниќи.

Средбата на четворицата претседатели продолжува денес, со заеднички состанок.

Автор: Вера Тодоровска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска