1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел апелира за надминување на разликите со Лондон

ЕМФ/дв8 ноември 2012

Германската канцеларка Ангела Меркел апелираше до британскиот премиер Дејвид Камерон за надминување на разликите околу идниот буџет на Европската унија. Буџетот мора да биде донесен едногласно.

https://p.dw.com/p/16fGq
Фотографија: Reuters

Двете земји се нето-плаќачи и мора да соработуваат, побара канцеларката Ангела Меркел за време на вчерашната (07.11) куса посета на Лондон.

Британската влада се заканува со вето, доколку издатоците во планирањето на буџетот за периодот 2014-2020 бидат повисоки од она што произлегува како неопходност поради евентуално зголемување на стапката на инфлација. Европската комисија и повеќемина партнери во ЕУ имаат намера да ги зголемат издатоците во висина до пет проценти, на речиси илјада милијарди евра. Камерон нагласи дека смета оти проширување на ЕУ-буџетот во време на криза не е разумно.

Буџетот на ЕУ мора да биде донесен едногласно. Шефовите на држави или влади на ЕУ за оваа тема ќе разговараат на 22 и 23 ноември.