Меркел бара акција за промената на климата
17 август 2007Реклама
Германската канцеларка Ангела Меркел, со оглед на интензивното топење на глечерите на Гренланд, побара консеквентна акција во битката против климатските промени. Идните години се решавачки, изјави Меркел по посетата на регинот под мраз. Германија, како претседавач на Групата 8 и во втората половина од годинава ќе продолжи да инсистира на оваа тема. Денеска на програмата на Меркел е и посета на една американска научна станица.