1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел веќе размислува за нов самит за буџетот на ЕУ

АТ/ афп/ дапд/ дпа/ ртр 23 ноември 2012

Шефовите на држави или влади на ЕУ рано утринава ги прекинаа преговорите за финансиската рамка на ЕУ во периодот од 2014 до 2020 година. Самитот треба да продолжи во текот на денот.

https://p.dw.com/p/16oRt
Фотографија: Reuters

Во преговорите за европскиот буџет до 2020 година фронтовите остануваат зацврстени.

Ниту 15-часовниот маратон во пресрет на Самитот на ЕУ не донесе значителен напредок. Претседателот на Советот на ЕУ Херман Ван Ромпој и претседателот на Комисијата на ЕУ Жозе Мануел Барозо имено ги поканија 27-те шефови на држави или влади поединечно на разговори во шест очи. Вонредниот самит на ЕУ за финасиската рамка до 2020 година, кој започна доцна синоќа, беше прекинат утрово, без да биде постигнат компромис. Тој треба да продолжи во текот на денов.

EU Gipfel in Brüssel Merkel Hollande
Ангела Меркел и Франсоа ОландФотографија: Reuters

Буџет од илјада милијарди

Комисијата на ЕУ за наредниот финансиски период имено предложи буџет од 1010 милијарди евра. Овој предлог уште пред самитот беше жестоко критикуван пред се’ од нето плаќачите како Германија, Велика Британија, Шведска и Холандија. Претседателот на Советот на ЕУ Ван Ромпој затоа презентираше компромисен предлог, кој предвидува заштеди од 80 милијарди евра. Тој за идниот буџет на ЕУ од 2014 до 2020 година одбива натамошни резови, но на земјите членки сака да им излезе в пресрет со прераспределба на средствата.

Меѓутоа Велика Британија, Шведска и Холандија во поединечните разговори опстојуваа на значителни натамошни кратења. Исто така од германски владини кругови, по средбата на канцелакрта Меркел со Ван Ромпој се вели дека актуелниот предлог на претседателот на Советот се’уште е превисок. Германија како и повеќето земји плаќачи бара буџетот да се ограничи на 960 милијарди евра.

EU-Gipfel in Brüssel Haushaltsplanungen
Дејвид КамеронФотографија: Reuters

Спогодба не е на повидок

Земјите примачи како Полска и Шпанија меѓутоа опстојуваат на зголемување на средствата. Повеќе држави, меѓу нив Италија, отворено се заканија со блокада. Кон ова се надополнува британскиот премиер Дејвид Камерон, кој покрај натамошни кратења на буџетот и натаму го бара т.н. британски рабат од 3,6 милијарди евра. И тој за Брисел отпатува со закана за вето.

Германската канцеларка Ангела Меркел се сомнева дека во текот на денов ќе биде најдено решение. „Со голема веројатност ќе следува втора етапа“, изјави Меркел напуштајќи ја зградата на Советот.

Доколку денеска не биде постигнато суштинско приближување, тогаш австрискиот канцелар Вернер Фајман очекува уште еден вонреден самит во јануари. Ако и на почетокот на идната година не биде постигнат компромис, се заканува блокада за вкупното финансиско планирање на ЕУ. Актуелните буџетски планирања истекуваат во 2013. година. Без нова повеќегодишна финансиска рамка би биле невозможни долгорочни планирања.