1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел воодушевена од Нелсон Мендела

7 октомври 2007

Германската канцеларка денеска престојува во Либерија - последна станица на нејзината африканска турнеја. Вчера во Јоханесбург Меркел разговараше со добитникот на Нобеловата награда, Мендела.

https://p.dw.com/p/BnSu
Фотографија: AP

Нелсон Мендела , првиот црнец претседател на Јужноафриканската република има 89 години и се движи со помош на бастун , но сеуште има жив дух. Германската канцеларка беше видливо трогната по средбата со овој борец против апартхејдот:

" Беше навистина впечатлив момент да се доживее Нелсон Мендела и да се зборува со него" И неговата порака гласи: Потребен ни е мир во светот и конфликтите треба да се разрешуваат по мирен пат. Големиот број конфликти , кои ги има и на африканскиот континент , ни покажуваат дека тоа е вистинскиот пат , и ние треба да ја запаметиме неговата порака” – истакна канцеларката Меркел по средбата со Нелсон Мендела.

Тоа беше прва средба на канцеларката со добитникот на Нобеловата наград за мир а по разговорите Меркел се упати во Кејптаун каде што се информирапе за влијанието на промените на климата врз ово дел од светот. Во Кејптаун имено се наоѓа една од 72-те станици на меѓународниот проект Биота , чија цел е снимање на климатските податоци по должина на западниот брег на африканскиот континент:

“Посетата на оваа станица е важна бидејќи промените на климата го скусуваат бројот на растителни и животински видови. На југот на Африка би можело да дојде до голем раст на температурите , што би значело и изумирање на голем број билки. Проектот Биота се обидува да пронајде начин да го спречи тоа” –истакна Меркел

Само на полуостровот на ртот на Добра надеж постојат 2200 растителни видови што е двојно повеќе отколку да речеме во цела Велика Британија. Ова кралство на билките меѓутоа е загрозено од промените на климата . Со проблеми се соочуваат и сопствениците на плантажите со јаболка , кои го извезуваат ова овошје токму во Германија. Германија инаку е главен финансиер на проектот Биота и канцеларката Меркел за врме на посетата се увери дека парите што ги издвојува владата во Берлин се правилно потрошени.