1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел во бојата на противникот

Александар Методијев/миа/макфакс14 јуни 2012

Германскиот национален состав е на чекор до четвртфиналето на Европското фудбалско првенство-синоќа го совлада тимот од Холандија со 2:1. Канцеларката Ангела Меркел е критикувана оти ја облекла противничката боја.

https://p.dw.com/p/15EMR
Фотографија: AP

Германците до победата стигнаа со двата гола на Марио Гомез во 24-та и 38-та минута, додека стрелец на голот за холандскиот тим беше Робин ван Перси во 73-та минута. Германскиот напаѓач Марио Гомез го оцени мечот како нервозен и тензичен. Тој заедно со Русинот Џагоев е водечки стрелец на првенството.

UEFA EURO 2012 Europameisterschaft Deutschland vs Niederlande Jubel Lahm Gomez
Гомез постигна два гола против ХоландијаФотографија: Reuters

„Натпреварот во целиот тек беше многу тензичен и напнат. Меѓутоа, успевме да освоиме шест бодови против две светски силни репрезентации, што повеќе би можеле да посакаме?! Многу сум среќен што со своите голови и’ помогнав на екипата, но се’ уште е долг патот до финалето“, вели Гомез. Германскиот селектор Јоаким Лев го пофали Гомез и очекува успех и против Данска.

„Европското првенство за нас добро почна, но очекувањата се големи и пред нас уште претстои долг пат. Беше многу важно уште по вториот натпревар да се отвори вратата за четвртфиналето. Меѓутоа, ќе биде многу важно и да се победи Данска во последното коло“, рече германскиот селектор.

Холандија не се откажува

И покрај поразот, портокаловата селекција не се одкажува од амбицијата за квалификација во четвртфиналната рунда. Селекторот Бер ван Марвијк е свесен за грешките и вели дека сепак неговата селекција се’ уште има можности да се квалификува во четвртфиналето.

UEFA EURO 2012 Europameisterschaft Deutschland vs Niederlande Robben
Холандија и покрај поразот и нула поени на табелата, сепак има теоретски шанси за пласман во четвртфиналетоФотографија: AP

„Игравме добро првите 20 минути, се држевме до договореното, но потоа дојде германскиот погодок. Направивме неколку грешки во одбраната, а во средината на теренот оставивме премногу простор за нашите ривали поради недостиг од иницијатива од наша страна. Во второто полувреме решивме да дадеме се‘ од себе, но за жал не успеавме да се повратиме. Сепак, мораме да продолжиме да веруваме и да се бориме бидејќи уште имаме шанси да минеме“, рече Бер ван Марвијк.

Меркел во портокалово

Германската канцеларка Ангела Меркел ги налути сонародниците, бидејќи на денот на мечот меѓу Германија и Холандија носеше портокалово сако . Портокаловата е традиционалната боја во којашто настапуваат холандските селекции, инаку најголемиот фудбалски ривал на Германија.

Merkel Regierungserklaerung G20-Gipfel in Mexiko
Меркел критикувана за изборот на бојаФотографија: dapd

„Токму денеска носи портокалово. Како е тоа можно?“, се прашува весникот Билд, додека холандскиот весник Ханделсблад си го постави прашањето: „Зарем Ангела Меркел е навивач на Холандија? Очигледно спасувањето на Европа од финансискиот колапс ја замори германската канцеларка“.

Гафот на Меркел е многу изненадувачки, бидејќи таа го обожува фудбалот и често ги следи во живо натпреварите на германската репрезентација. Пред ЕУРО 2012 во Полска и Украина, таа минатата седмица го посети кампот на германските фудбалери во полскиот град Гдањск, а на својата официјална интернет страница како централна ја стави фотографијата на целата екипа.

На вториот натпревар од групата Португалија ја совлада Данска со 3:2. На чело на табелата е Германија со 6 бодови, Португалија и Данска имаат по 3, а Холандија-0. Иако е без бод и Холандија се‘ уште има теоретски шанси за пласман во четвртфиналето.