1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел во Лондон

25 ноември 2005

Втората посета во странство на новата германска канцеларка Ангела Меркел ја одведе во Лондон.

https://p.dw.com/p/AcB2
Меркел и Блер на прес-конференцијата во Лондон
Меркел и Блер на прес-конференцијата во ЛондонФотографија: AP

На релативно кусата средба Меркел и нејзиниот домаќин Тони Блер се договорија да воспостават подлабока соработка меѓу Германија и Велика Британија преку повторно воспоставување редовни меѓувладини консултации. Освен тоа важна тема во разговорите беше спорот околу финансискиот план на ЕУ.

За разлика од Жак Ширак пред два дена, Тони Блер не и‘ ја бакна раката на германската канцеларка, но расположението при првата средба беше отворено, а атмосферата пријателска:

„Се радуваме на соработката со Вас за сето да биде голем успех за Вас, за Вашата земја и за ЕУ„ – порача оптимистички британскиот премиер.

Гостинката од Берлин возврати со желбата за продлабочување на соработката меѓу двете земји и предложи повторно воспоставување редовен дијалог меѓу двете влади, како што беше до 1998.

Од она што се дознава, двајцата премиери ја разгледале сосотојбата околу Иран и Авганистан, а вниманието го насочиле прд се‘ на претстојниот самит на ЕУ во декември и финансискиот спор што ќе доминира со средбата. Дали при тоа Блер во Мрекел нашол нова сојузнички за сцвојот став околу разврзувањето на финансискиот јазол на Унијата, тоа не можеше да се дознае, но Меркел јасно стави на знаење дека Германија нема да блокира, туку активно ќе учествува во барањето излез од тешката ситуација:

„Сакам успех, а кој сака успех, тој мора да води сметка за чувствителноста и ситуацијата на секоја земја. Оној кој заборава некоја земја во целата ситуација, тој нема да постигне успех„ – порача Меркел.

Директно запрашана пак како ги проценува шансите за постигнување компромис уште до крајот на оваа година, новата германска канцеларка изјави:

„Почувствував јасно дека британското претседателство ќе даде свој придонес. Не би сакала на ова место било што да прорекнувам, но имаме уште три недели во кои секој ќе се обиде да го даде својот придонес. Моите разговори вчера и денеска покажаа дека никој не смее да ја префорсира другата страна, па ќе видиме што ќе излезе од сето тоа„ – нагласи Ангела Меркел и се упати кон аеродромот. Датумот на возвратната посета на Тони Блер на Берлин е веќе договорен.