1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел во Португалија

13 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag4k

Германската канцекларка Ангела Меркел синоќа во Синтра, Португалија, ги повика земјите членки на ЕУ до самитот во јуни да постигнат договор за уставот. Наша одговорност е да и овозможиме на Европа да делува во предизвиците со кои е соочена. Сигурна сум дека во тоа ќе успееме доколку останеме обединети и работиме заедно, нагласи Меркел која очекува ратификација на уставиот до 2009. На неофицијалниот самит во Португалија,покрај Меркел присутни се и претседателот на ЕК Жозе Мануел Барозо, претседателот на ЕП, Ханз Герт Петеринг и премиерите на Португалија и Словенија, Жозе Сократес и Јанез Јанша. Двете земји се идни претседавачи со унијата.