1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел во посета на војниците на Бундесверот на Косово

18 декември 2011

Германската канцеларка Ангела Меркел в понеделник ќе допатува на Косово на средби со војниците на Бундесверот и раководните лица на мисиите на КФОР и ЕУЛЕКС. Планирана е средба и со косовскиот премир Хашим Тачи.

https://p.dw.com/p/13UlP
Ангела МеркелФотографија: dapd

Германската канцеларка Ангела Меркел в понеделник ќе ги посети војниците на Бундесверот стационирани на Косово. Портпаролот на владата во Берлин Штефан Зајберт соопшти дека Меркел ќе го посети главното седиште на трупите на НАТО во Приштина. Предвидена е и средба со командантот на КФОР, генералот на Бундесверот Ерхард Древс како и со претставници на ЕУЛЕКС на Косово. На аеродромот е планирана и средба со косовскиот премиер Хашим Тачи.

Во моментов на Косово се стационирани 10.00 војници на КФОР. Контингентот на германскиот Бундесвер брои 1.400 војници. Посетатата на Меркел на Косово доаѓа во време на затегнати односи меѓу Србите и Албанците на северот на Косово. На почетокот на месецов српските демонстранти во граничниот регион нападнаа и војници на КФОР, во обидот да расчистат улична блокада. Повредени беа повеќе војници, меѓу нив и Германци.

Автор: АТ/ ЖА/афп

Редактор: Ж. Ацеска