1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел го смени мислењето за Грузија во НАТО?

17 август 2008

Германската канцеларка Меркел беше во Тбилиси, во рамките на дипломатската мисија за разрешување на кавкаскиот конфликт. Меркел и понуди поддршка на Грузија и побара итно повлекување на руските трупи од регионот.

https://p.dw.com/p/EywX
Меркел и СаакашвилиФотографија: AP

„Ако сака Грузија може да стане членка на НАТО“, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел во Тбилиси. На прес конференцијата по разговорите со грузискиот претседател Михаил Саакашвили во Тбилиси, Меркел појасни дека кавкаскиот конфликт не ги нарушил плановите за членство на Грузија во НАТО. Германската канцеларка ја нагласи и поддршката за зачувување на територијалниот интегритет на Грузија и се заложи за итно спроведување на мировниот план од ЕУ од шест точки. Меркел се заложи и за итно испраќање на меѓународни набљудувачи во конфликтниот регион како и за непречена работа на теренот на хуманитарните организации, како Црвениот крст.

Меркел побара итно повлекување на руските трупи

Германската канцеларка Меркел побара од конфликтниот регион итно да се повлечат руските трупи. Целиот свет ја набљудува Русија, рече Меркел нарекувајќи го повлекувањето на трупите како потврда на „кредибилитетот“ на земјата. Рускиот претседател Дмитриј Медведев најави дека в понеделник ќе започне повлекувањето на руските трупи од Грузија. Тој ова во телефонски разговор му го соопштил на францускиот претседател Никола Саркози, со кој разговарале околу имплементацијата на мировниот договор, кој го потпишаа двете страни во конфликтот. Саркози, како што е соопштено од неговиот кабинет пак го предупредил рускиот претседател дека ќе дојде до сериозно нарушување на односите меѓу ЕУ и Москва, ако Русија не го спроведе договорениот план.

Russland Deutschland Angela Merkel bei Dimitri Medwedew in Sotschi
Меркел и Медведев со различни погледи за кавкаскиот конфликтФотографија: AP

Германија во Букурешт настапи со поинаков став

Инаку барањето на Грузија и Украина за членство во Алијансата беше разгледано на последниот априлски самит на НАТО, но неколку земји меѓу кои и Германија и Франција беа против желбата на САД, двете земји да влезат во предприемните НАТО програми. Наместо тоа тие добија уверување дека долгорочно ќе станат дел од Алијансата.