1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел: “Европа ќе успее заеднички”

14 декември 2006

Проширувањето на ЕУ и политиката за доселување – ова се главните теми на последниот самит на врвот на ЕУ кој попладнево започнува во Брисел. Секако на агендата ќе се најде и проблемот со Турција. И додека шефовите на европските држави и влади полека се собираат во седиштето на Унијата германската канцеларка денеска пред пратениците во Бундестагот ги презентираше целите на претседателството со ЕУ, но и со

https://p.dw.com/p/Ac0x
Меркел во Бундестагот
Меркел во БундестаготФотографија: AP

групата најразвиени индустриски земји Г8, кое започнува во јануари. Моника Дитрих за плановите на Меркел и реакциите на пратениците.

“Европа ќе успее заеднички”- под ова мото го става германската канцеларка Ангела Меркел германското претседателствување со ЕУ. Меркел има големи планови: таа ќе предложи план за енергетската политика и за либерализација внатрешниот пазар за струја и гас. Таа ќе се заложи и за заштитата на климата, но сака да го врати во живот и пропаднатиот европски Устав. Меркел сака да ја направи ЕУ економски посилна:

“Ако не сме економски силни, ако не можеме на луѓето да им дадеме перспектива, тогаш ЕУ не ќе може да настапи силно на надворешен план. Тоа значи - успешна политика во Брисел, но тоа значи и дека државите членки мора да бидат силни - овие работи одат заедно. Само ако ја намалиме невработеноста ќе имаме влијание врз развојот на ЕУ, ако просперираат нашите претпријатија, тоа значи – дека внатрешната и надворешната политика се тесно поврзани”.

На надворешно политички план најважно е европските земји да зборуваат во еден глас. Поделена Европа ја загрозува силата на ЕУ, токму тогаш кога станува збор за нова мировна иницијатива на Блискиот Исток или кога се трага по фер правила во глобализацијата.

Германската канцеларка во парламентот ја бранеше и реакцијата на ЕУ за Турција за делумно одложување на преговорите за членство. Одлуката на Европската комисија е “решителна и разумна” реакција рече Меркел.

Канцеларката апелираше до парламентарците да ја искористат шансата на претседателствувањето со ЕУ:

ТОН

“Европа беше и останува мировна идеја на 20 век. Европа останува и идеја на иднината на 21 век. Затоа се исплатуваат напорите, затоа се исплатува работата на компромиси. Да се зафатиме за ова заедно и така можеме да успееме”.

Парламентарната опозиција во Бундестагот е подготвена на соработка: сите говорници нагласија дека претседателствувањето со ЕУ е и од национален интерес. Но, целата работа не помина без критика. Ренате Кинаст од партијата на Зелените ја предупреди канцеларката дека нема концепт:

“Германија, а и ние очекуваме од вас да ни кажете во која насока сакате да одите, со какви средства, со кого сакате да склучите сојузи и како ќе ги постигнете целите. Но, морам да ви кажам госпоѓо Меркел: во овој говор не ги кажавте конкретно вашите цели. Говорот беше празен и сувопарен”.

Шефот на либералите Гидо Вестервеле, претпоставува дека за време на германското претседателство е можен конфликт меѓу германската национална и европската политика за клима.

“Грешка е ако Германија во енергетската политика се однесува како возач кој на автопат вози во спротивна насока. Сите останати земји работат на инвестиции и во нуклеарната и во атомската технологија. Ние сакаме да се откажеме од неа...тоа е погрешен одговор”.

Канцеларката не ја засегнаа извиците на негодување. Таа ќе стори се за успешно претседателство со Унијата. На крајот на краиштата ова е првпат Германија по 1999 година повторно да го има в рака кормилото на ЕУ.