1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел заминува за Русија

16 јануари 2006

Неколку дена по средбата со американскиот претседател Џорџ Буш во Вашингтон, германската канцеларка Ангела Меркел денеска патува во прва посета на Москва и на разговори со претседателот Владимир Путин.

https://p.dw.com/p/Ac9n
Овие насмевки се монтажа. Како ќе биде во оригинал?
Овие насмевки се монтажа. Како ќе биде во оригинал?Фотографија: dpa/AP Combo

Во Берлин се подвлекува дека Меркел ќе го истакне стратегиското партнерство меѓу Германија и Русија. Една од темите се очекува да биде спорот во врска со атомските планови на Иран. Меркел ќе се обиде да издејствува заеднички став на Европската унија, САД и Русија за да се смири овој спор. Исто така се очекува да стане збор и за критички теми, посебно околу загриженоста во германската јавност во врска со развојот на демократијата во Русија. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер по повод посетата на Меркел на Москва, изјави:

„Станува збор за нови личности што ќе се сретнат. Ова е прва средба од позиција на канцеларка. Затоа треба да се види како ќе се довива. Убеден сум дека обајцата ќе се однесуваат професионално„.