1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел за соработката на Балканот

11 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag5A

Европската унија и натаму ќе ги поддржува регионалниот развој и соработката на државите од Југоисточна Европа, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа што се одржува во Загреб. Балканските држави направија големи чекори во приближувањето кон Унијата. Балкан има јасна европска перспектива, истакна Меркел. Претседателот на Европската комисија Жозе Барозо рече дека некои држави од регионот сега имаат можност за избор: нормалност и приближување кон ЕУ, или стагнација, изолација, па дури и немири. Обајцата, како и други говорници, го поддржаа решението на косовското прашање со резолуција на Советот за безбедност. Унијата ќе му помогне на Косово, зашто неговата иднина е во Европа, изјави Меркел.