1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел и Буш-цврсто пријателство

Петер Штитцле30 април 2007

Денес во Вашингтон ќе се одржи самитот меѓу ЕУ и САД.Тоа е повод за осврт врз односите меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Џорџ Буш.

https://p.dw.com/p/Adrf
Историска масажа
Историска масажаФотографија: YouTube

Јули 2006 година,самит на Г8 во рускиот град Санкт Петерсбург.Најголемиот дел од шефовите на држави и влади на водечките индустриски земји веќе седат на конференциската маса,тогаш во салата влегува Џорџ Буш,застанува зад Ангела Меркел и и ги масира рамењата.Слика која го обиколи светот.

Уште претходната вечер Буш и Меркел во селото Тринвилерсхаген јадеа дива свиња,на крајот на посетата во родното место на Меркел во Источна Германија.Канцеларката го покани таму Буш уште при нејзината прва посета на Вашингтон по стапувањето на функцијата,половина година претходно.Тогаш Буш многу се заинтересира за животот на Меркел во времето на комунистичкото владеење.Него го фасцинираше што со обединета Германија владее поранешна граѓанка на Германската Демократска Република.Но,не само тоа:

„Мојот прв впечаток по 45 минути насамо во канцеларијата беше неверојатно позитивен.Таа е паметна,неверојатно способна,посебна.“

Се разбира,Буш беше радосен и што го нема веќе Шредер.Тоа што тој ја критикуваше неговата политика кон Ирак,Буш дополнително го разлути.Навистина,и Меркел се држеше настрана од ирачката војна.Но,таа дојде во Америка кај претседателот со основната порака:

„Ние се требаме едни на други и во наши интереси е да имаме добри односи.“

Уште нешто ја придвижува Ангела Меркел.Во јули,на пазараот на

„Ние знаеме дека на САД имаме многу да им заблагодариме за тоа што денеска можеме да живееме во една Германија во мир и во слобода.“

Се разбира,Меркел не одеше со Буш секогаш во правец каде што сакаше тој.Веќе по нејзината прва посета во Вашингтон на почетокот на 2006 година,таа извести:

„Ние поразговаравме и за тоа дека делумно има и различни проценки.Тоа го потенцирав на примерот со Гвантанамо.Но јас верувам дека на крајот ќе се исплати што се најдовме во ситуација повторно да разговараме за сите проблеми.“

А потоа:

„Драг Џорџ Буш...“

А тој пак:

„Ангела Меркел,за која сум горд да ја наречам пријател.“

Пријателство кое беше зацрвстено и преку денот поминат во родното место на Меркел,на чиј крај Буш се радуваше на специјалитетот од дива свиња:

„Ти благодарам за тоа што сум тука и се радувам на прасенцето за вечера.“

Значи,и светската политика оди преку желудникот.По една од најтешките фази во германско американските односи,Ангела и Џорџ се најдоа еден со друг.