1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел и Медведев за засилен дијалог

3 октомври 2008

Во сенка на кризата на Јужен Кавказ, синоќа во Санкт Петерсбург, се одржаа седмите германско-руски владини консултации. Ангела Меркел и Дмитри Медведев и покрај затегнатоста, сакаат да ги унапредат економските односи.

https://p.dw.com/p/FSzQ

Германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател, Дмитри Медведев, во сенка на затегната меѓународна ситуација, ја нагласија потребата од засилен меѓусебен дијалог.

Deutschland CDU Unternehmertag Angela Merkel in Berlin
Ангела МеркелФотографија: AP

„Односите помеѓу Русија и Германија се фактор на стабилноста за целиот евро-атлантски простор„ изјави Медведев на отфорањето на Петерсбуршкиот дијалог. Канцеларката Меркел притоа нагласи дека Германија и натаму има спротивен став со Русија, кога станува збор за темата Јужен Кавказ. Таа повторно се изјасни против независноста на Јужна Осетија и Абхазија и подвлече, дека, територијалниот интегритет на Грузија не е предмет за кој треба да се преговара:

„Сметаме дека руската реакција во овој конфликт беше прекумерна. Околу ова прашање мора повторно да се воспостави доверба. Притоа е важно, планот од шест точки за решение на конфликтот во Грузија, кој го договорија Медведев и францускиот претседател Никола Саркози, во целост да се спроведе„ нагласи Меркел

Нема основа за нова Студена војна

Russland Präsident Dmitri Medwedew in Moskau
Дмитри МедведевФотографија: picture-alliance/ dpa

Рускиот претседател смета дека се несоновани стравовите, дека кризата на Кавказот води кон нова поделба на блокови. Според него, исто како што не постои можноста за повторна изградба на Берлински ѕид, така е невозможно потворно да дојде до враќање на студената војна.

Двајцата лидери се согласија дека се потребни подобри меѓународни структури за надминување на глобалните кризи. Притоа канцеларката Меркел побара консеквенци во однос на актуелната финансиска криза.

„Германија е секогаш за мултилатерална акција. Во основа станува збор за два дела поврзани со финансиската криза и актуелното менаџирање. Еден менаџмент од кој треба да произлезе од една страна безбедност, но истовремено и да не се зголемува небезбедноста. Но од друга страна не треба од целосна приватна слобода да се падне во целосна државност. Актуелната финансиска криза покажува дека проблемите можат да се решат само со соработка„ изјави Меркел.

Во сличен тон околу ова прашање беше и изјавата на Медведев, кој притоа посебно се осврна на досегашната улога на САД во финансиските случувања. „ Времињата на доминација на една економија и една валута се минато. За справување со финансиската криза потребно е колективно решение. Мораме заедно да работиме на создавање на нов, поправеден економско-финансиски систем, кој ќе почива на принципите на мултипопуларноста и ќе води сметка за заедничките интереси„ изјави Медведев

Седмите по ред германско-руски владини консултации, токму поради кризата со Грузија, сеодржаа еден, наместо планираните два дена. Германската влада во Санкт Петерсбург беше присутна со помал број министри, за разлика од претходните години.