1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел и Проди сакаат единствен став на ЕУ за Косово

21 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CPw1

Германската канцеларка Ангела Меркел и италијанскиот премиер Романо Проди сакаат за Косово да се пронајде што е можно похармонично решение за двете страни и ЕУ да има единствен став по ова прашање. Двајцата по вчерашните меѓувладините консултации во близина на Берлин се залагаат преговорите да продолжат до крај и тоа на конструктивен начин за да се избегнат тензии. Премиерот Проди изјавил и дека мора јасно да и се каже на Србија дека иднината и е во ЕУ. Германија претходно јасно ги предупреди косовските Албанци од преземање еднострани чекори и самостојно прогласување независност.