1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел и Путин со различни акценти во Минхен

10 февруари 2007

Првиот ден од официјалниот почеток на 43-та Меѓународна Конференција за безбедносни прашања во Минхен го обележуваат говорите на канцеларката Ангела Меркел и на рускиот претседател Владимир Путин. За акцентите во надворешната и безбедносна политика на двајцата поличари од извештајот на Андреас Нол од Минхен.

https://p.dw.com/p/AbzM
Ангела Меркел при говорот на Конференцијата за безбедност во Минхен
Ангела Меркел при говорот на Конференцијата за безбедност во МинхенФотографија: picture-alliance/dpa

Наоѓањето решение за Блиско источниот конфликт претставува највисок приоритет за канцеларката Ангела Меркел, која моментално ги обединува функциите на претседавач со ЕУ и со групата Г-8. Во програмскиот говор посветен на иднината на НАТО и колективната одговорност на меѓуанродната заедница за безбедноста во светот, Меркел ги пофали резултатите од неодамнешниот самит на Палестинските ривалски групи во Мека.

“Има резултати од Мека. Тоа можеме да го сметаме за прв чекор во позитивна насока. На саудиското раководство му благодариме за инцијативата за средбата и посебно го истакнуваме фактот што станува збор за иницијатива од регионот.“

Меркел не пропушти да заземе сосема јасен став и кон друго отворено прашање во регионот:

“Иран мора да ги исполни барањата од резолуцијата на ОН и тоа без услови и без трикови!“

Германската канцеларка ја нагласи решеноста на меѓународната заедница да го спречи создавањето атомска бомба на Иран.

За иранската атомска програма се изјасни и рускиот претседател Владимир Путин, кој е прв во таа функција што се појавил на Конференцијата во Минхен. Тој изрази загриженост за иранската атомска програма, но предупреди од курс на конфронтација и изолација на земјата. Шефот на Кремљ ја искористи приликата и да укаже еден светски проблем што уште повеќе ја загрижува неговата земја, имено создавањето систем за против ракетна одбрана на НАТО во Полска и Чешка:

“Во очите на Русија овој проект е бесмислен, зашти имаме оружје што може да го совлада. А ако велите дека тој систем за одбрана не е насочен против Русија, тогаш и јас ви велам: ни нашето оружје не е насочено против вас!“

Путин ги повика САД да се придржуваат до меѓународните договори за разоружување и да не ја нарушуваат создадената рамнотежа на сила. Во спротивно Русија ќе реагира со најавеното модернизирање на сопствените воени системи.