1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел – Кина

28 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BYjO

Германската канцеларка, Ангела Меркел, во Пекинг се сретна со четворица публицисти, критички настроени кон кинескиот режим. Новинарите на средбата отворено и‘ се спротивставиле на цензурата и се изјасниле за реформи во Кина. Канцеларката Меркел, со средбата со новинарите, која припаѓа на неофицијалниот дел на нејзината посета на Кина, има намера да укаже на потребата од слобода на печатот во таа земја. Меркел денеска треба да разговара со претседателот на Националниот народен конгрес, Ву Бангуо и со претставници на печатот, кој е контролиран од страна на државата.