1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел-Компромисот во Брисел ги отвора вратите за нови проширувања на ЕУ

23 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/AzfM

По преговарачкиот маратон , шефовите на држави или на влади на земјите членки на ЕУ на Самитот во Брисел постигнаа согласност за новиот договор за основите на функционирањето на ЕУ во иднина , кој преставува замена за пропаднатиот европски устав . Полска која се спротиставуваше на новиот механизам за гласање со двојно мнозинство од земјите и населението , попушти, но сепак издејствува одложување и така наместо во 2009-та новиот систем за гласање ќе стапи во сила во 2014 . Канцеларката Ангела Меркел која претседаваше со Самитот и покрај бројните отстапки што ги направи кон Полска но и Велика Британија и Холандија изрази задоволство од постигнатиот компромис, истакнувајќи дека е направен значаен напредок и оти Унијата излезе од состојбата на статус кво. Таа истакна дека со компромисот се отвораат враите за натамошни проширувања на ЕУ