1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел: „Мераба аскер“

6 октомври 2006

Германската канцеларка Меркел, од вчера е во прва посета на Турција. Кандидатурата на оваа земја беше во фокусот на разговорите со турскиот премиер Ердоган кој од неа побара разбирање и поддршка. Сузане Густен јавува за првиот ден од посетата на Меркел.

https://p.dw.com/p/Ac2h
Меркел во Турција
Меркел во ТурцијаФотографија: AP

Германската канцеларка беше пречекана со марш музика. Таа пред почесната гарда во Анкара ја изговори веројатно нејзината прва реченица на турски:

„Мераба аскер, рече Меркел, што значи „поздрав војници“, за што од нив доби благодарност. Но, по првичните срдечни поздрави Меркел прејде на главната работа.

„Постои Протокол од Анкара,“ рече Меркел. Протоколот од Анкара беше приоритетната тема на разговори меѓу Меркел и турскиот премиер Ердоган. Протоколот кој Турција го потпиша пред една година предвидува оваа земја до крајот на годинава да ги отвори нејзините пристаништа и аеродроми за бродовите и авионите на Република Кипар, односно за нејзиниот грчки дел. Но, Анкара одбива да го спроведе овој дел од договорот. На заедничката прес конференција со канцеларката Меркел, турскиот премиер објасни и зошто:

„Нашиот став е дека овие мерки кон Кипар не треба да бидат еднострани, туку треба и другата страна да направи нешто. Најпрвин треба да биде отстрането трговското ембарго за Северен Кипар. Пред ова да се случи, од нас не може да се очекуваат никакви нови чекори. Тоа не би било в ред,“ категоричен беше Ердоган.

Ова значи дека и ЕУ не исполнила едно од ветувањата. Долгогодишното трговско ембарго кон турскиот дел на Кипар до сега требаше да биде отстрането, бидејќи така уште пред две и пол години вети тогашниот еврокомесар за проширување Гинтер Верхојген, кога Турција го потпиша мировниот план на ОН за поделениот остров Кипар. Ердоган уште еднаш ја потести Меркел на изјавата:

„Тогаш европската влада од нас побара да го поддржиме мировниот план и ние го сторивме тоа. Но, планот беше одбиен од страна на кипарските Грци, кои на крајот испаднаа добитници, а кипарските Турци губитници. Тоа не е праведно и мора да се промени“.

Но, ЕУ не може сега тоа да го промени, бидејќи Република Кипар стави вето, а само неколку недели по нивното НЕ за мировниот план тој дел беше примен во ЕУ како полноправна членка. Токму затоа ЕУ сега има потешкотии да го исполни ветувањето кон Турција, но исто така и турската влада поради ова има потешкотии да го исполни Протоколот од Анкара. Бидејќи секој турски избирач би рекол, зошто Турција уште еднаш да направи еднострана одстапка за кипарското прашање?

Кое е можното решение, канцеларката Меркел можеше да насети во Анкара. Премиерот Ердоган и рекол дека предлогот на финскиот претседавач со Унијата кој предвидува олабавување на ембаргото и отворање на пристаништата во Кипар под меѓународна контрола, а во истовреме и Турција да го стои истото, е прифатливо за Анкара. Меркел изјави дека се надева оти проблемот ќе биде решен вака. За позитивен исход, со неа може да се надеваат и останатите ЕУ дипломати, бидејќи ако проблемот не се реши до нова година, преговорите со Турција за членство може да бидат одложени, и тоа токму во време кога Германија ќе го преземе претседателството со ЕУ.