Меркел најавува опстојување на реформскиот курс
23 ноември 2007Реклама
Германската канцеларка Ангела Меркел најави дека тесно ќе соработува со вицеканцеларот Франк Валтер Штајнамер во спроведување на реформскиот курс на владата. Големата коалиција ќе продолжи да работи на проектите како наука, истражување и грижа за децата. Во повеќе интервјуа за билансот од досегашното две годишно владеење Меркел побара од СПД во спорот за најмалата гарантирана плата да се приближат кон ставовите на Унијата.