1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел: Нема волшебна формула

АТ/ дпа/ ртр/ дапд27 јуни 2012

Пред самитот на ЕУ во Брисел германската канцеларка Ангела Меркел повторно одби заеднички гаранции за долговите на европските држави. Такви гаранции се контрапродуктивни, смета Меркел.

https://p.dw.com/p/15M6E
Фотографија: picture alliance/dpa

Непосредно пред самитот на ЕУ германската канцеларка Ангела Меркел денеска (27.06.) повторно јасно ја отфрли можноста за воведување европски обврзници. Ваквите заеднички гаранции за долговите на европските држави се „погрешни и контрапродуктивни“ смета канцеларката.

„Стравувам дека во Европскиот совет повторно премногу се зборува за можните идеи за општи гаранции на долговите, а премалку за подобрени контроли и структурни мерки“, изјави Меркел во владината изјава во Бундестагот, во Берлин. Инструментите како европски обврзници или фондови за отплаќање на долговите во Германија се противуставни.

Истовремено, канцеларката предупреди од преоптоварување на Германија во борбата против европската должничка криза. Германија е економски мотор во ЕУ, „но и силата на Германија не е неограничена“, изјави канцеларката во пресрет на самитот на ЕУ.

ILLUSTRATION zu Fiskalpakt
Фотографија: picture-alliance/dpa

Шефовите на држави или влади на ЕУ утре во Брисел се среќаваат на дводневен самит. Канцеларката Меркел денеска нагласи дека во европската должничка криза нема да има брзи и едноставни решенија. За проблемите долгорочно да се надминат, неопходни се низа последoвателни чекори, кои „проблемите ќе ги засечат во корен“.

Патоказ за излез од кризата е беспоштедна анализа за нејзините причинители, пред се’ недостигот од конкурентност и масовните државни задолжувања. Овие домашни проблеми би морало да се решат во еврозоната. Притоа неизбежно е „да не ветуваме ништо, што не можеме да го исполниме и консквентно да го спроведеме она што сме го заклучиле“, вели Меркел.

Пред очекуваното гласање во Бундестагот и Бундесратот за европскиот Фискален пакт и за долгорочниот спасувачки пакет ЕСМ Меркел изрази надеж дека ќе се исправи „силен сигнал, како внатре во земјата, така и нанадвор“. „Тоа е сигнал за одлучност да се надмине европската должничка криза и тоа долгорочно“, изјави Меркел.

Канцеларката подвлече дека штедењето и порастот одат заедно. Курсот за штедење значи да се отвори простор за да се поврати одржливата буџетска политика.