1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел оди во посета на Блискиот исток

31 март 2007
https://p.dw.com/p/AgIU

Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска тргнува на тридневно патување по Блискиот исток во нов обид за заживување на мировниот процес. Денеска таа ќе престојува во јорданскиот град Акаба, каде ќе биде примена од кралот Абдула, а потоа ќе ги посети Израел и палестинските територии. Притоа таа има намера да ги охрабри страните во конфликтот консеквентно да го продолжат дијалогот за мир и стабилност. На крајот од патувањето германскиот канцелар ќе престојува во Либан, каде ќе ги посети и припадниците на германската воена морнарица кои патролираат во водите пред либанскиот брег.