1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел побара поголема слобода на печатот во Кина

28 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BYtm

Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска во Пекинг побара поголема слобода на печатот во Кина. Во нејзиниот говор во Академијата за социјални науки во Пекинг, Меркел рече дека економскиот подем мора да оди рака под рака со поголема одговорност на меѓународен план. На средбата со шефот на кинескиот парламент, Ву Бангуо, Меркел се заложи за донесување закон за медиуми и за поголема правна сигурност на новинарите. Претходно, германската канцеларка се сретна со четворица публицисти, критички настроени кон кинескиот режим. Новинарите на средбата отворено и‘ се спротивставиле на цензурата и се изјасниле за реформи во Кина.