1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел повторно избрана за канцелар

АТ/ ард17 декември 2013

Речиси два чaса откако повторно беше избрана за канцелар, Ангела Меркел положи заклетва. Пред пратениците во Бундестагот, шефот на ЦДУ денеска заклетвата ја положи врз германскиот устав.

https://p.dw.com/p/1AazS
Фотографија: picture-alliance/dpa

Ангела Меркел ја изговори формулата на заклетва која е пропишана во уставот: „Се колнам дека мојата сила ќе ја посветам на добробитта на германскиот народ, ќе ја зголемувам користа, и ќе ги одбегнувам штетитие од него, ќе ги чувам и бранам уставот и законите на сојузот, свесно ќе ги исполнувам моите обврски и ќе спроведувам праведност кон секого“. Таа го кажа и религиозното дополнување: „Господ нека ми е напомош“. Претходно Меркел од претседателот Јоахим Гаук го доби документот со кој таа се именува за канцелар.

По положувањето на заклетвата на Меркел таа и нејзиниот нов кабинет повторно заминаа во замокот Белви, каде претседателот им ги предаде документите за именување на новите министри на големата коалиција. Ресорните шефови потоа исто така поднесоа заклетва пред Бундестагот.

Sigmar Gabriel Joachim Gauck Angela Merkel Vize Kanzler Vereidigung
Фотографија: picture-alliance/dpa

Каудер: Резултатот од гласањето е добра основа за соработка

Меркел претпелднево во Бундестагот беше избрана за канцелар на Германија со 462 гласови. Шефот на пратеничката група на Унијата Фолкер Каудер ова го оцени како добар резултат.

„Со тоа се создаде основа за соработка на база на доверва во големата коалиција“, рече овој политичар од ЦДУ. Поддршката била многу подобра отколку при изборот на Меркел пред осум години, кога исто така се формираше голема коалиција.

За денеска попладе е планирана првата седница на новиот кабинет. Утре канцеларката патува во Париз, прво патување во странство во новиот легислативен период. Таа ќе отпатува со новиот шеф на дипломатијата Франк-Валтер Штајнамер, кој беше на чело на Министерството за надворешни работи и во мандатот од 2005 до 2009 година.

Вчера ЦДУ, ЦСУ и СПД го потпишаа коалициониот договор за новата влада на Германија.