1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел – Полска

17 март 2007
https://p.dw.com/p/AgNC

Дводневната посета на германската канцеларка Ангела Меркел

на Полска мина одлично, изјави денеска владиниот портпарол Улрих Вилхелм кусо пред заминувањето на делегацијата за Берлин. Преку разговорите со премиерот и шефот на државата, браќата Качински, подобрена е довербата меѓу двете влади. Тоа е добра подлога за решавање на претстојните проблеми, порача Вилхелм. За нив канцеларката денеска разговараше во потесен круг со претседателот на Полска Лех Качински на островот Хела во Балтичкото море.

При вчерашната посета на Варшава таа Меркел посочи дека нејзината влада не ги поддржува барањата за враќање на имотот на поранешните протерани Германци од Полска во времето на Втората светска војна.