1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел – Полска

17 март 2007
https://p.dw.com/p/AgNT

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди од поделба на Европа поради затегнатите односи на Полска кон Германија и кон ЕУ. При посетата на Варшава таа побара од полската влада да го смени ставот по прашањата на енергетската соработка, безбедноста и европскиот устав.

“Европа не смее никогаш да се подели, ниту по стопански прашања како што е снабдувањето со енергија, ниту пак на безбедносен план.

Полска имено ја попречува соработката со Русија на енергетски план, го блокира напредокот на полето на заедничкиот устав на ЕУ и се реши да дозволи инсталирање модерни американски анти ракетни системи без консултација со европските партнери.

Што се однесува до билтаералните односи меѓу Германија и Полска, Меркел посочи дека нејзината влада не ги поддржува барањата на поранешните протерани Германци од Полска во времето на Втората светска војна за враќање на имотот.