1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел се закани со нови санкции за Иран

15 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BqzE

Германската канцеларка Ангела Меркел се закани со нови санкции за Иран доколку земјата не попушти во спорот околу атомската програма. Меркел сепак се залага проблемот да се реши по дипломатски пат, но како што изјави во весникот „Ди Велт“, треба да се знае дека не се исклучуваат ниту санкции. „Иран не е само закана за безбедноста на Израел, туку и за регионот, Европа и светот“, рече Меркел. Претходно и САД и Франција се заложија за заострување на санкциите на ОН спрема Иран.