1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел се залага за заедничка борба за заштита на климата

30 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BZhx

Германската канцеларка, Ангела Меркел на земјите во развој им понуди компромисно решение за заеднички пат во заштита на климата. Индустриските сили во подем како Кина и Индија може да ја покачуваат емисијата на штетни гасови во атмосферата по жител, се додека го достигнат констатното намалуваното ниво на развиените индустриски земји, изјави Меркел во обраќањето пред германско – јапонскиот економски форум во Токио. На тој начин во одреден момент ќе дојде до изедначена емисија на ЦО2 поп глава на жител, појасни канцеларката. Претходно Меркел беше примена од јапонскиот цар Акихито. И на овие разговори главна тема биле заштита на климата и животната средина.