Меркел – Токио
30 август 2007Реклама
Германската канцеларка, Ангела Меркел, за време на посетата на Јапонија се сретна со јапонскиот цар Акихито. На средбата се разговарало главно за заштита на климата. Претходно, Меркел, во разговор со шефот на опозицијата во Јапонија, Озава, побара Јапонија да учествува во меѓународната мисија во Авганистан по први ноември. Озава тоа го отфрли со образложение дека не мора да им се дава поддршка на војните што ги водат САД.