1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мерки за олеснување на товарниот сообраќај на Балканот

15 февруари 2004
https://p.dw.com/p/AeRx
Министрите за сообраќај на 10 земји членки на СЕЦИ минатава недела на средбата во Софија потпишаа меморандум за воведување заеднички цертификат за тежината на товарните возила. Станува збор за изедначување на мерните процедури, со што ќе се одбегнат големите колони на границите во земјите од Југоисточна Европа, како и корупцијата кај цариниците. Според спогодбата што ја потпишаа надлежните министри, националните Здруженија на приватните превозници од крајот на 2004. ќе издаваат цертификати за меѓународниот транспорт и ќе гарантираат за пратките. Конечните варијанти на постапката треба да бидат договорени на национално ниво до следната средба на СЕЦИПРО закажана за јуни. Во тој случај мерките за олеснување на регионалниот транспорт би можеле да се применуваат од крајот на годината. Вице-претседателот на Бугарската индустриска и трговска комора Георги Чернев потсети дека регионалната трговска размена во ЈИЕ изнесува само 8 до 10% од вкупниот обем на размената на земјите од овој регион. Тоа е многу малку во споредба со меѓународните искуства. Затоа владите треба сега да манифестираат политичка волја за реализирање на проектот со транспортните сертификати, нагласи Чернев. Координаторот на Пактот за стабилност Ерхард Бусек, пак, побара поврзување на бројните политички иницијативи со активности на приватните претпријатија. Тој се пожали и што се' уште не се реализиера планираната слободна трговска зона, бидејќи дел од земјите потписнички не се придржуваат до преземените обврскит и продолжуваат да ги штитат домашните производи со протекционистички мерки.