1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Месиќ-договор за Косово

23 ноември 2007
https://p.dw.com/p/CSHK

Хрватскиот претседател Стипе Месиќ гледа можно решение за Косово во постигнување посебен договор.Во интервју за Дојче Веле,Месиќ изјави дека односите меѓу Србија и Косово може да ги реулира сличен модел како оној договор кој беше постигнат меѓу двете германски држави во 1972 година.Во него беа содржани одредби за почитување на неповредливоста на границите и воздржување од взаемно меѓународно претставување.Преговорите за статусот на Косово се наоѓаат во ќорсокак.Србија не сака да прифати независност на покраината,туку нуди автономија.На 26 ноември во Виена треба да продолжат преговорите за Косово.