1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мешовитиот комитет ќе побара почеток на преговорите со Македонија

Тони Гламчевски7 јуни 2012

Мешовитиот парламентарен комитет Македонија-ЕУ во нацрт-резолуцијата од 10. состанок, до која дојде Дојче Веле, уште еднаш треба да испрати повик до Советот на ЕУ за почеток на преговорите со Македонија.

https://p.dw.com/p/159vv
Фотографија: AP

Со 10. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија, согласно спогодбата за асоцијација и стабилизација на Македонија со ЕУ, претседаваат германскиот европратеник Јоргос Шацирмакакис и македонскиот парламентарец Кенан Хасипи. Во македонската собраниска делегација која ќе учествува на денешниот состанок во Брисел се наоѓаат уште пратениците Андреј Петров, Силвана Бонева, Антонио Милошоски, Арбен Љабеништа, и Беким Фазлиу.

Мешовитиот комитет се очекува да размени и мислења со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, Фернандо Џентелини директорот за Западен Балкан претставник на Европа при Советот на ЕУ и Александра Цас-Грање од директоратот за проширување на Европската комисија.

Повик за изнаоѓање речшение за името

Фокусот во расправата ќе биде ставен на односите на Република Македонија и Европска унија во контекст на Високиот пристапниот дијалог, актуелната политичка ситуација во државата со акцент на меѓуетничките односи, реформата на праводсудството и јавната администрација, ситуацијата со медиумите, борбата против организираниот криминал и корупцијата. На состанокот ќе биде разгледана и економската ситуација во Македонија, како и за регионалното управување со отпад и алтернативни извори на енергија со осврт на можностите за поголемо искористување на претпристапните фондови на Европската унија.

Според нацрт резолуцијата до која дојде Дојче Веле и која не би требало да претрпи некои поголеми измени, се поздравува отпочнувањето на Високиот пристапен дијалог на 15 март во Скопје и заложбата на владата на земјата кон понатамошен напредок во клучните области, како што се слободата на изразување, владеењето на правото, јавната администрација и изборните реформи, како и зајакнување на пазарната економија, но притоа се потсетува дека на овај дијалог не треба да се гледа како замена, туку како мост што води кон преговори за членство.

Nikola Poposki
Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски учествува на денешниот состанок во БриселФотографија: DW

Во резолуцијата уште еднаш, се повикува Советот на ЕУ да ја потврди препораката на Комисијата да започнесо преговорите за пристапување, при што Комитетот е силно убеден дека преговорите треба да започнат со земјата без натамошно одлагање;

Во овој контекст, се зема предвид одлуката на Меѓународниот суд на правдата во врска со спорот за името, година која треба да обезбеди нов поттик во процесот; а владите на „Поранешна Југословенска Република Македонија и Грција“ се повикуваат да најдат решение за разликите околу „прашањето за името" или во рамките на разговорите со посредство на ОН или во директни билатерални разговори, со повик до високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и комесарот за проширување да го олеснат договорот во врска со ова, со што ќе се зајакни регионалната стабилност.

Охридскиот договор останува „витален столб

Во областа на евроинтеграциите, мешовитиот комитет ќе треба да ги поздрави напорите на владата за донесување на оперативен „патен налог“ во петте клучни предизвици за Македонија кои треба да бидат исполнети во наредните месеци, како слободата на изразување во медиумите; владеењето на правото и фундаменталните права ; реформата на јавната администрација; изборните реформи и зајакнување на пазарната економија.

Во предложената резолуција се повторува дека Охридскиот рамковен договор останува „витален столб“ на демократијата и владеењето на правото воземјата, а се поздравува заложбата на македонската влада да направи сеопфатен преглед на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор до јуни 2012 година, со цел да се постигне целосна помирување помеѓу страните и консолидирање непартиска и меѓуетничките демократски институции преку "интеграција без асимилација "во духот на мултикултурализмот.

Во Брисел ќе биде повторено и барањето за спроведување на пописот на населението. А ќе биде изразено и жалење за меѓуетнички инциденти од почетокот на оваа година и ги осудува убиствата на неколку граѓани на земјата во март и април оваа година проследено со интер-етнички тензии и насилство, а во исто време, го поздравува навремено и прагматични реакции од страна на Собранието, особено преку Комитетот за односи меѓу заедниците, како и одговорен пристап од сите политички партии и претставници на верските заедници. Околу забелешките и загриженоста по убиството на петте граѓани што која се третира како осомничен терорист акт, се повикуваат државните институции, сите политички партии и граѓани на земјата за да се овозможи и продолжи професионалната истрага на случајот и да бидат заштитени на уставните права на осомничените.

FDP Europaabgeordnete Jorgo Chatzimarkakis
Германскиот европратеник Јоргос Шацимаркакис претстадава со 10. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија.Фотографија: dapd

Продлабочување на слободата на медиумите

Во однос на положбата на Ромите се забележува дека е постигнат одреден напредок во процесот на нивната интеграција во неколку области, со охрабрување на понатамошни напори во однос на подобрување на лошите услови за живеење и постојаната дискриминација во пристапот до образованието, пазарот на трудот, здравствени и социјални услуги.

Во предложената резолуција се повикува македонската владата да продолжи да работи на слободата на изразување во медиумите, меѓу другото, со помош на натамошно продлабочување и продолжување на сеопфатен дијалог со професионални новинарски здруженија особено во однос на декриминализација на клевета како и на зајакнување на професионалните стандарди во новинарството. Притоа е земена во предвид одлуката на Советот за радиодифузија во врска со судирот на интереси.

Во резолуцијата, која може да претрпи додатни промени пред нејзиното усвојување на крајот од денешниот состанок во Брисел, меѓу другото се очекува, во наредниот период, да бидат воспоставени на заеднички експертски комисии за историја и образование од страна академиите за науки и уметности на соседните земји, слично на француско-германска соработка во оваа област, со цел зајакнување на научната соработка со соседните земји со што се придонесува за добрососедски односи.