1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меѓународен ден против пушење

31 мај 2007

На меѓународниот ден на борба против пушењето Светската здравствена организација предупреди од опасностите што ги крие пасивното пушење.

https://p.dw.com/p/Any8
Забраната не помага сама по себе: две жени со цигари наспроти знакот за забрана
Забраната не помага сама по себе: две жени со цигари наспроти знакот за забранаФотографија: picture-alliance

Особено децата и младите страдаат во развојот кога некој од најблиските во семејството е страствен пушач и не води сметка за нивното здравје. Светската здравствена организација ја пофали посебно ЕУ за големиот напредок последниве години во заштитата на граѓаните од опасностите што ги крие тутунскиот конзум.

Дури 70% од сите здравствени и школски установи во ЕУ во меѓувреме се прогласени за зони со забрането пушење. Што се однесува до културните установи и државните служби, забраната се протега на околу 60 проценти – покажуваат статистиките со кои располага Светската здравствена организација. Но, за жал токму младите на возраст од 13 до 15 години и понатаму се во опасност: речиси 80% од сите Европјеци на оваа возраст се барем еднаш неделно изложени на тутунски чад. Вкупниот број на т.н. пасивни пушачи во светот пак се проценува на повеќе од 700 милиони.

Европратеникот Карл Хајнц Поленц побара тутунската индустрија да се обврзи да сноси барем дел од трошоците што произлегуваат за здравствениот систем од пушењето. Во неговиот годишен извештај, изготвен по налог на Европскиот парламент, Поленц наведува дека европските здравствени системи годишно трошат за санирање на последиците од тутунски конзум најмалку 50 милијарди евра. Секоја година во ЕУ од последици на пушењето дури умираат 650.000 лица. Европската комисија неодамна ја поттикна од ново дебатата за непушењето со најавата дека би можела по заобиколен пат да го воведе во европските гостилници:

“Мора прво да се каже дека принципилено здравствената полтика е во надлежност на земјите членки, што сметам дека е исправно. Но, Европската комисија може да интервенира индиректно преку работно право, така што ќе каже: работната сила има слободен пристап до пазарот во секоја земја членка, па така мора да важат и исти стандарди на работното место“ - појаснува евро-парламентарецот Карл Хајнц Поленц.

Во Германија се забележува намалување бројот пушачи меѓу помладите. Дури секој петти Германец на возраст од 12 до 17 години е пушач – објаси министерката за здравсто Ула Шмит. Германската влада подготвува проширување на забраната од почетокот на 2008-та, за што обичните граѓани велат:

“Добро е тоа за заштита на непушачите, иако самиот сум пушач.“

“Тоа е претерано, во оваа земја недостасува слободарски дух.“

“Мислам дека е тоа недоволно, се‘ уште има многу исклучоци и затоа сметам дека целата проблематика треба да се регулира од ново!“