1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меѓународен налог за апсење на Гадафи

27 јуни 2011

Меѓународниот кривичен суд во Ден Хаг денеска издаде налог за апсење на либискиот властодржец Моамер ел-Гадафи. Главниот обвинител на судот, Луис Морено-Окампо, го товари Гадафи за злосторства против човечноста.

https://p.dw.com/p/11kHF
Моамер ел ГадфиФотографија: AP

Судиите на Меѓународниот кривичен суд денеска наредија апсење на либискиот лидер Моамер ел-Гадафи поради обвинение за злосторство против човештвото.

Нему му се префрлува дека лично наредил напади против невооружени цивили односно дека неговите сили пукале врз демонстрантите, гранатирање на погребните поворки и користење на снајпери за убивање на луѓе кои ги напуштале џамиите за време на првите денови во пресметките со бунтовниците. Обвинителите сметаат дека тие рани напади биле само почеток на злосторствата кои ги сториле силите лојални на Гадафи.

Налог за апсење и за еден од синовите на Гадафи

Советот за безбедност на Обединетите нации на 26.февруари нареди да се истражат злосторствата во Либија, а Морено-Окампо неколку денови подоцна отвори истрага. Според светските новински агенции најголема веројатност за апсење на Гадафи ќе биде доколку либиските бунтовници со помош на НАТО ја преземат контролата врз Либија, успеат да го уапсат, а потоа и да го екстрадираат.

Libyen Unruhen Öl Ölpreis Seif al-Islam
Налог за апсење и за синот на ГадафиФотографија: AP

Налози за апсење се издадени и против Саиф ал Ислам, син на Гадафи, како и против шефот на либиската тајна служба.

Инаку, претпладнето во Триполи, главен град на Либија, во квартот каде се наоѓа резиденцијата на Моамер ел-Гадафи, одекнале две силни експлозии, предизвикани од напад на НАТО од воздух. Според агенцијата Асошиетед прес, од резиденцијата се кревал столб од густ чад. Во времето на нападот Гадафи не бил во резиденцијата.

Автор: СН/ дв/ дпа/ ап

Редактор: Александра Трајковска