1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меѓународната заедница одобри итна помош за Бангладеш

17 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CINA

САД, ОН и ЕУ одобрија итна помош за настраданите од циклонот „Сидр“ во Бангладеш. Претставник на ОН изјави дека одобриле еден милион долари помош и 400 000 пакети со храна кои се веќе испратени. ЕУ одобри помош од 1,5 милиони евра, а германската влада стави веднаш на располагање 200 000 евра за хуманитарни цели. Инаку во налетот на циклонот до сега официјално загинале 1000 лица, но стотици се уште се водат како исчезнати. Поради тоа се стравува дека бројот на жртви ќе се зголеми на неколку илјади. Огромен број куќи се разурнати а 3,2 милиони луѓе се евакуирани.