1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меѓународната заедница шокирана

20 декември 2006

Пресудата на либанскиот суд за смртна казна за бугарските медицински сестри и палестински лекар, под обвинение дека намерно заразиле со ХИВ вирус над 400 либиски деца, ја крена на нозе меѓународната заедница. Се бара помилување на осудените.

https://p.dw.com/p/Aduk
Обвинетите сестри и лекарот
Обвинетите сестри и лекаротФотографија: picture-alliance / dpa

ЕУ ја осуди пресудата на либискиот суд и побара од Триполи да преземе чекори за помилување на осудените медицински сестри и лекарот.

„ЕУ се противи на смартната казна под било какви околности и очекува дека Врховниот суд ќе овозможи праведно, непристрасно и хумано решение во овој случај“, соопшти финскиот претседавач со Унијата. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер чија земја од јануари го превзема претседателството со Унијата е шокиран од одлуката. Тој беше во Либија кон средината на ноември и таму разговарал за случајот:

„Ова е шокирачка вест. И покрај сите очекувања судот повторно да одлучи да ја потврди пресудата за смртна казна. За време на мојата посета во Либија уште еднаш нагласив дека очекуваме во случајот да се најде решение кое ќе го отвори патот за ослободување на затворените“.

Германската канцеларка Ангела Меркел ја повика Либија да покаже милост кон обвинетите:

„Се надевам и апелирам до властите да им дадат шанса. Тоа е страшна пресуда“, рече Меркел. Францускиот претседател Жак Ширак во телефонски рзаговор со бугарскиот колега Георги Парванов изјавил дека е шокиран од пресудата и додал дека Франција ќе продолжи со напорите за постигнување на праведно решение кое ќе биде во согласност со очекувањата на меѓународната заедница. Италијанскиот премиер Романо Проди е „ужаснат“ од пресудата и изрази очекување дека „либиските власти ќе ја преиспитаат одлуката“.

Порпаролот на Белата куќа, Тони Сноу рече дека САД се разочарани од одлуката на судот и укажа на можноста од жалба на неа. „Многу сме разочарани“ изјави и шефицата на американската дипломатија, Кондолиза Рајс која во Вашингтон имаше средба со бугарскиот колега Ивајло Калфин:

„Разбираме дека се работи за деца кои страдаат и ние сме загрижени за нив и нивните семејства, но исто така сме загиржени и за медицинските сестри и се надеваме дека ќе им биде овозможено најбргу што може да бидат испратени дома. Ова се луѓе кои заслужија да си одат дома“, нагласи Рајс.

Високиот комесаријат за човекови права на ОН побара од либиските власти да не ја извршуваат смртната казна и укажа на „сериозни проблеми во поглед на правичното судење“.